Во врска со пласираните информации за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, Алијансата за Албанците го повикува Министерството за Внатрешни Работи на Република Македонија, што поскоро да излезе со официјално соопштение со кое ќе ги потврди или демантира пласираните информации во јавноста.
Владата на Република Македонија и Министерството за Внатрешни Работи да водат сметка и сносат одговорност за театарот што им го сервираа на своите граѓани изминативе два дена во врска со апсењето на Груевски. Јавно ја прашуваме Владата на Република Македонија и МВР, кои се актерите кои помогнаа во бегството на Груевски? На кој граничен премин избегал Груевски и која е политичката цена за да се реализира сценариото за оваа бегство?, велат од Алијансата.“
Од партијата бараат Владата да преземе одговорност за овој скандал што сериозно ги поткопува реформите во судството и го става под знак прашалник владеењето на правото, што со последните случувања ја поткопува еднаш засекогаш надежта на обичниот граѓанин на РМ дека еден ден ќе има правда во оваа држава.