Поради нагло кочење на автобус на ЈСП две патнички се тешко повредени

Автобус на ЈСП нагло закочил за да не удри во друго возило кое излегло пред него, при што со повреди се здобиле двајца патници во автобусот.

Инцидентот се случил на крстосницата од улица „Водњанска“ и .„50-та Дивизија“ во Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде по укажана лекарска помош на една жена ѝ биле констатирани телесни повреди и истата била пуштена на домашно лекување, а на друга жена ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Треба да знаете
Последни објави