Еден од најдобрите фудбалери на светот Кристијано Роналдо се одмора во Лондон со девојката Георгина Родригез и синот Кристијано Јуниор.
Португалецот ја искористи приликата да го гледа тенискиот меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Џон Иснер.
Роналдо го следеше мечот од првите редови, а неговото присуство предизвика голема возбуда кај гледачите, како и кај камерманите кои често го ставаа во прв план фудбалерот на Јувентус и неговото семејство.
Бидејќи камерите беа вперени во него, го фатија и моментот кога Роналдо се обиде да биде фраер и се спружи преку Георгина за да фати излетано топче. Но, не успеа да го задржи, топчето се одби и ја удри Георгина по глава.
Потоа го бараа под седиштата, па Кристијано Јуниор го најде и го врати на теренот.
Двајцата се насмеаја на оваа ситуација, а медиумите уште коментираат дали потегот на Роналдо беше крајно неџентлменски.