Вељаноски со порака до Тодоров: Народот нека се собере
Од пораките кои денеска се презентираат на рочиштето за „27 април“ од телефонот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски може да се види како Вељаноски упатил порака до Никола Тодоров во 18 и 41 часот со содржина: „Народот нека се собере“, а веднаш потоа Вељаноски испратил порака до пратеникот Илија Димовски: „Влегува народот“.
За случајот „27 април“ обвинети се 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.