Драстичното намалување на бројот на мигрантски работници од ЕУ во Велика Британија

Бројот на државјани на земјите членки на Европската унија кои работат во Велика Британија, од минатата година заклучно со септември, е намален за 132.000 на 2,25 милиони, што претставува најголем пад на бројот на работна сила на годишно ниво, соопшти британскиата Национална агенција за статистика.

– Драстичното намалување на бројот на мигрантски работници од ЕУ минатата година, покажува дека британскиот пазар за работна сила веќе почнува да се менува и пред Брегзит, изјави Стефан Кларк, економски аналитичар во фондацијата „Резолушн”.

Државјаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија се во неизвесност за своите работни места по одлуката за Брегзит.

Треба да знаете
Последни објави