Изгореа два автомобили, седум други се оштетени од избувнат пожар во Загреб

Рано изутринава на улицата Алберт во Загреб избувна пожар во еден автомобил, а за многу кратко огнот се прошири и на уште неколку други автомобили, соопшти хрватската полиција.

Од полицијата соопштија и декаво тек е истрага која треба да покаже зошто дошло до пожарот.

Индекс.хр објави дека пожарот што избувнал во еден автомобил се проширил на уште осум други и дека два автомобила речиси целосно изгореле, додека другите се само оштетени.

Треба да знаете
Последни објави