Мотивите за самоубиството на српската манекенка и телевизиска водителка, Марија Чурчиќ (25) која вчера беше пронајдена мртва во својот стан во Белград се уште не се познати.
Според медиумите, нејзиното тело го нашле родителите, кои два дена претходно немале контакт со неа. Порадти тоа повикале полиција, која провалила во станот каде девојката живеела сама. Таа била пронајдена обесена со ремен кој го врзала за гелендерот од галеријата.
Според родителите, Марија неколку дена пред трагедијата отпатувала за Романија, каде што работела како модел. Кога се вратила не се јавила ниту на родителите, ниту на газдарицата на станот, по што се посомневале дека нешто не е во ред. Бидејќи не можеле да ја отворат вратата од станот повикале полиција, која на сила влегла внатре.
Како што рекол нејзиниот сосед, Марија била мирна и пристојна девојка на која и доаѓало друшто во станот, но никогаш не била бучна или правела проблем. Пријателите, пак, велат дека таа не користела дроги.
Нејзините родители се во шок, бидејќи велат дека немало знаци и причини таа да крене рака врз себе, а не оставила проштално писмо. Таа пред само три дена снимила реклама со легендарниот фудбалер Роналдињо, поради што била многу среќна.
„Ги остварувам детските сништа“ напишала Марија на Инстаграм заедно со заедничката фотографија со Роналдињо.
Таа студирала на Универзитетот Џон Несбит односи со јавност. Во светот на модата влегла со 16 години, од кога снимила бројни реклами и спотови, а исто така била и заштитно лице на некои белградски клубови. ТВ водителка стана 17 години.
Родена е во Белград, татко ѝ е познатиот српски музичар Ѓорѓе Ќурчиќ, член на бендот „Дел Арно“, а мајка ѝ е новинарката Ана Марија Алвес Ќурчиќ, која е од Конго.