Работник паднал во цистерна и починал, вчера во Кратово, информираше МВР.
Според полицијата, несреќата се случила околу 12 часот на улицата Св. Ѓорѓи Кратовски.
Тогаш Л.Д.(57) од Кратово вработен во фирма во Кратово додека извршувал работни задачи во цистерна, паднал и починал.
По наредба на Јавен обвинител од ОЈО Куманово телото е предадено за обдукција.