Едно општество, односно еден систем не се вреднува по квантумот на институции, на закони, или по бројноста на население, на ресурсите, на разноразните статистики кои што се толку менливи и променливи. Вистинските вредности доаѓаат од дејствителната способност на општеството да го прифати и почитува различното, да ја препознае и негува индивидуалноста исто како и колективноста, да ги штити, апсорбира и негува човечките надежи, стремежи, перспективи и амбиции“, истакна денеска во својот говор за време на регионалната конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
гионалната конференција посветена на темата „Одговoр кон антисемитските злосторства од омраза и решавање на безбедносните потреби на заедниците“ беше во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и мисијата ОБСЕ-ОДИХР во Република Македонија.
Спасовски за време на својата изјава посочи „Еврејската заедница овде во Македонија е тесно вткаена во севкупниот живот и развој на Македонецот и нашето општество, таа е суштински дел од нас, од овдешната култура, традиција и воспитание.
Нејзиниот печат е длабок и драгоцен и ние тоа знаеме и сакаме да го чуваме. И заради себе самите и заради нив, како наши сограѓани и пријатели. И токму заради таквото наследство, заради тој дар оставен од нашите претци, ние сме должни да бидеме и натаму будни, подготвени за брз, ефикасен, одговор на институциите кон сите обиди или трендови за појава на каква и да е омраза“ истакна Спасовски.