Британската премиерка Тереза Меј и Европска унија одлучуваат за Брегзит така што Велика Британија ќе се претвори во колонија, изјави денеска поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон.
– Никој не наседнува на овој театар. Едно пролонгирање за друго, исценирано одложување, напиша Џонсон на Твитер.
Тој е убеден дека ќе биде постигнат договор со кој ќе се предаде Велика Британија.
Џонсон додаде дека Велика Британија „ќе биде осудена на останување во царинската унија и под регулаторна контрола на Брисел”.
Луѓето не гласаа за колонијален статус, напиша Џонсон, додавајќи оти „иднината може да биде светла само ако сега го смениме курсот”.