Францускиот претседател Емануел Макрон денеска не сакаше да ги коментира нападите на претседателот на САД, Доналд Трамп објавени на Твитер.
Елисејската палата запрашана за твитовите на Трамп соопшти дека нема што да каже на таа тема, додавајќи оти Макрон во саботата во Париз му објаснил на Трамп се за европската армија и европската одбрана.
Трамп денеска во неколку твитови „го нападна” францускиот претседател Макрон поради „нефер” трговските потези.
Американскиот претседател се осврна и на предлогот на Макрон за создавање на европска војска со цел да се заштити Европа од Русија, од Кина и од САД. Трамп повеќе пати повтори дека земјите членки на Алијансата не уплатуваат доволно во буџетот на НАТО, како и оти не е фер најмногу средства да издвојуваат САД.