Не купувајте сувомесно од Бугарија опасно е по здравјето

 

Валентина Ангеловска

Не купувајте сувомеснати производи во Бугарија! Бугарските медиуми ги предупредуваатдомашните и странскитее купувачи бидејќи се испоставило дека секој трет сувомесен производ кај нив е опасен по здравјето на луѓето.

– Ова беше потврдено од страна на независна студија на 300 рзлични сувомесни производи и во скоро 90 од нив најдени се елементи кои се опасни за нашето здравје. Истражувањето беше спроведено од страна на француското здружение за потрошувачи L`UFC-Que Choisir-  објави бугарски  Телеграф. Истото истражување вели дека опасности се кријат и во меленото месо. 

Меѓу ризичните адитиви се нитратите и нитрити кои може да бидат препознаени под броевите Е 249, E250, E251 и Е252. Тие најчесто се користат за зачувување на сувомесните производи како колбаси и боја за колбаси и пушено месо.

Тие исто така се наоѓаат во производството на некои сирења. Земањето голем број на такви додатоци може да предизвика рак на дебелото црево- стои во истражувањето. Според него нужно е веднаш да се прегледаат хранливите материи и секој кога купува да ги следи декларациите на истиот.

-Секоја држава треба да ги контролира производите кои ги има на пааарот и постојано да предупредува за нивниот квалитет. Правилниците треба да се ревидираат и постојано да се менуваат се соо цел да се заштити здравјето на луѓето- велат во бугарската Асоцијација на потрошувачи.

Производителите на храна механички додаваат протеини, јаглени хидрати, масти и витамини за да ја зголемат хранливата вредност на нивните производи. Овој модел на производство на храна го менува составот на храната- вели д-р Димитар Димитров, главен асистент на Институтот за вино и лозарство во градот Плевен.

Многу производители користат конзерванси дури и над максимално дозволено. Според него консумацијата на два или три производи кои содржат максимум конзерванси, сепак, доведува до акумулација на штетните адитиви и може да бидат штетни за нашето здравје.

Треба да знаете
Последни објави