Споменикот на стреланите скопјани повеќе го нема до Kамениот мост – на местото каде што на 13 ноември 1944 година Германските фашисти на 13 ноември 1944 година при повлекувањето од Скопје за одмазда стрелале деветмина граѓани, случајни минувачи. Во нивна чест и сеќавање на местото каде што беа убиени, во подножјето на Камени мост беше поставен споменик.
Споменикот, кој беше изработен во висок релјеф, во својата оригинална верзија постоеше до 2010 година, а исчезна во периодот меѓу 2010 и 2012 година. Тој беше поставен на сегашниот плоштад Карпошово востание, на левата страна, во подножјето на Камениот мост, во делот кој води кон Старата чаршија, а е урнат при изведувањето на градежните работи за новите објекти кои се дел од проектот „Скопје 2014“.
По неколку години споменикот повторно беше поставен и префрлен на Кеј 13 Ноември.
Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација. 12. македонска бригада. која јуришала низ Скопје, навреме стигна до Kамениот мост и го спаси да не одлета во воздух. Диверзантските групи им нанесоа големи загуби на Германците и ги попречуваа при повлекувањето да уриваат објекти од витално значење. Поради тоа, Германците стрелаа многумина. Меѓу нив беа стрелани деветмина цивили и невини луѓе на Kамениот мост, сите мажи. Тоа беа: Драган Јакимов, Дончо Андонов, Јордан Јакимов, Перо Јовановиќ, Пантелеј Давчев, Перо Червеников, Светислав Ѓуриќ, Фоки Владимиров и Христо Kараџа. Тоа беше последната одмазда извршена врз невооружени и недолжни граѓани.