Здружението ,,Анима мунди” објави вознемирувачки фотографии за хајка на кучиња во Тетово.
– Тетово денес. Рутинско чистење на кучињата во градот по видеo снимките појавени пред неколку дена на кои видовме група кучиња кои шетаат низ центарот на Тетово. Никој не бил крив и не одговара што толку бездомни животни има на улиците.
Никој не е крив и нема да одговара што употребил отров кој за 5 минути во најстрашни маки може да убие возрасен човек, а камо ли дете. Видете ги, во сопствен измет и локви крв.
Никој не е крив и нема да одговара што ги фрлил на улица, веројатно товарени во комбиња, префрлани од една општина во друга. Никој не е крив и не одговара што се води хајка врз животните – само тие се криви што се живи во Република Македонија”, соопштија од Анима мунди.