Пред две недели антинародниот пион Христијан Мицкоски, јавно, во интервју (Алсат-М) призна дека имал повеќечасовна средба со неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски. На таа средба, според признанието и зборовите на Мицкоски разговарале за „иднината“ и „личните моменти“ на осудениот Никола Груевски”, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.
Според него, јавноста, основано се сомнева дека пионот Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, знаеле за планот на Груевски.
,,Антизападниот пион Мицкоски пред граѓаните треба да одговори дали токму на таа средба било испланирано бегството на Груевски? Ние, како и граѓаните, отворено се сомневаме дека досегашната одбрана на криминалот на Груевски од страна на Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во функција да му помагнат во неговиот план. Вклучувајќи го тука и бегството. Терминот „политички прогон“, користен од антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под негова контрола, очигледно е со единствена цел, да му послужи како алиби за барањето азил на осудениот Никола Груевски.
Секој во Република Македонија и надвор од неа, знае многу добро, а судските одлуки го потврдуваат тоа, дека нема никаков политички прогон, туку спроведување на правда и правна држава.Оттука, основани се сомнежите. Дали токму антизападниот Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се соучесници во бегството на Никола Груевски?”, рече Костадинов.