Во време кога поголем дел од овошјето се подготвува за зимски сон, едно од нив влегува во својата сезона. Тоа се мушмулите. Есента е време за нив.
Тие се богати со витамин Ц, со што го подобруваат имунитетот и штитат од сезонските вируси и кашлицата. Освен тоа, богати се и за поттикнување на метаболизмот и проблемите со констипацијата, односно тврдата столица. Еднакво корисни се и ако се чувствувате подуено, односно имате болки во стомакот.
Освен тоа, го регулираат и нивото на лошиот и добар холестерол во крвта и ги чистат црниот дроб и бубрезите.
Препорачуваме да направите ликер од мушмули кој е одличен за варењето, заштита од настинките и борец против лошиот холестерол.
Потребни состојки:
600 гр. зрели мушмули
500 мл. ракија
250 гр. шеќер
Начин на подготовка:
Добро измијте ги мушмулите, потоа исушете ги и ставете ги во стерилизирана тегла. Ракијата и шеќерот ставете ги во сад на оган и добро мешајте додека шеќерот не се стопи. Прелијте го потоа преку мушмулите и затворете ја теглата.
Ставете ја на темно, суво и студено место и чувајте ја така во наредните 7 дена со што секојдневно ќе мешате. Потоа ликерот оставете го да мирува минимум три недели, а потоа исцедете и ставете го во шише.