Може да се претпостави дека Унгарија ќе му даде азил на Груевски

Може да се претпостави дека Будимшпешта ќе му одобри азил на поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, смета унгарскиот професор по меѓународно право, Ласло Валки.

Тој во изјава за Инфо Радио рече дека законите се јасни, но дека ова е специфичен случај.

„Што се однесува до барањето за азил нема дилеми дека Унгарија ја прогласи Македонија безбедна земја и правно е се јасно што се однесува до миграционите прашања. Меѓутоа, бидејќи не се случува секој ден поранешен премиер да бара азил во друга држава не може да кажам каква улога би имал во овој случај поранешниот или сегашен статус на дотичното лице. Иако постои легална пресуда против екс-премиерот се плашам дека во овој случај како поткрепа за азилот „преовладуваат политички причини“ односно прашањата за азил ги одлучува системот за азил и миграција, а не независното судство, вели Валки“.

Во насока на ваквата констатација оди и изјавата на директорот на комуникации на владејачката партија ФИДЕС, Хидвеѓи Балаж кој денеска изјави оти Унгарија секогаш дава прибежиште на вистински прогонетите лица, а таа одлука е одговорност на надлежните органи.

„Во Унгарија засолниште побара еден политичар, кој е притворен од левичарска влада – зад која е очигледно влијанието на Џорџ Сорос, а кој е прогонуван и му се закануваат во овој момент, изјави Балаж.“

(И.Ш.)

 

Треба да знаете
Последни објави