Поранешниот вардарец, Лука Циндриќ одново е надвор од терените, тој има проблеми со повредите оваа сезона. Средниот бек поради повреда не го доигра дуелот со Мешков Брест. Информации велат дека се работи за повреда на мускулот, па се очекува најверојатно ќе мора да паузира од две до три недели.
Според ова постојат изгледни шанси Циндриќ да не биде дел од тимот на Келце на мечот со Вардар во Скопје. Ние полскиот тим ќе го пречекаме во мечот кој е закажан за први декември. На првата пресметка сезонава хрватскиот репрезентативец беше број еден на теренот и одигра важна улога во првиот наш пораз во ЛШ.