Новиот светски рекорд во дисциплината на кршење на бетонските плочи со глава изгледа потврди дека митот што постои за Босанците и нивните тврди не е само мит.
Момчето од Височан, Белмин Османбеговиќ, член на таеквондо клубот „Босна Високо“, пред неколку дена во хрватското шоу „Суперталент“ го собори светскиот рекорд во кршење на бетонски плочи со глава.
Османбеговиќ скрши 175 плочи за 55 секунди, а по завршувањето на емисијата рече дека малку го боли главата, по што бил прегледан од лекар за секој случај.
https://youtu.be/A1ri_4kT6-k