Педесетина деца со јажиња влечеле кабриолет „порше“ во кој се наоѓал свештеникот Гван Султан од Малта. Скандалот се случил на островот Гозо. На видеото може да се види како свештеникот стои во автомобилот, се смее и им мафта на насобраните луѓе.
Жал ми е, ама за мене ова едноставно не е проблем“, рекол тој.
Малтешката членка на Европскиот парламент, Марлен Мици, реагираше на скандалот. „Олицетворение на невкус и грубо фалење. Одвратно. Што ли се замислува?“, прашува таа.
Од малтешката црква нема официјален коментар за скандалот.