Дали изметот навистина се испушта од авионите? Што се случува кога некој ќе умре во авион? На овие прашања одговори пилотот на австралискиот „Џетстар”, Брет Мејндерс и ги разоткри најчестите митови за летањето.
Дали авионите навистина испуштаат измет во воздухот?
Пилотот вели – не. „Со сигурност тврдам дека никаков отпад и измет не се испуштаат во атмосферата. Целиот измет оди во резервоар наменет за тоа, кој се наоѓа во крајниот дел од леталото”.
Кое е најбезбедното место во авионот?
Мејндерс вели дека такво нешто не постои, односно дека не може да се каже за едно седиште дека е побезбедно од другите.
Може ли вратата да се отвори за време на лет?
Поради холивудските филмови многу луѓе се плашат дека вратата би можела да се отвори за време на лет и притисокот да ги исфрли надвор. За среќа, пилотот вели дека притисокот во авионот е толку голем што ова е невозможно.
Што се случува кога некој ќе умре во авион?
Пилот вели дека за време на неговото десетгодишно пилотско искуство само еднаш доживеал некој да умре за време на лет. „Екипажот е трениран дискретно да го премести тоа лице од другите патници, а стјуардесите разговараат и ги тешат членовите на семејството на починатиот патник доколку и тие патуваат во авионот”.
Треба ли да не плаши турбуленцијата?
Ова е еден од најголемите стравови на патниците, но пилотот вели дека немате причина за грижа. Тој објаснува дека до турбуленции доаѓа кога различни маси на воздух ќе се спојат при различни брзини. „Тоа е само воздух со различни температури, кој се движи со различна брзина и насока. Исто како и патниците, и пилотите не ја сакаат турбуленцијата и се трудат да ја избегнат. Но, авионите се направени да бидат безбедни за средината во која се движат, така да нема простор за грижи”.
Што се случува доколку некој од патниците не го исклучи телефонот?
Пилотот вели дека мобилен телефон кој не е исклучен или не е поставен во мод за летање, може да создаде непријатен звук со пречки во слушалките на пилотите и да се помеша со фрекфенциите на радио комуникациите во авионот.