Пратениците во Шри Ланка изгласаа недоверба на новиот премиер

Пратениците од Шри Ланка го усвоија барањете за гласање недоверба на новиот премиер на земјата, Махинда Раџапакса, прогласувајќи го неговото назначување за неважечко.

Поддржувачите на Раџапакса одбија да го прифатат гласањето за важечко, втурнувајќи ја земјата во уште поголема политичка криза и засилувајќи ги сравовите дека политичките несогласувања можат да доведат до нестабилност во земјата.

Ваквиот чекор дојде по ненадејната минатомесечна одлука на претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена да го замени тогашниот премиер со контроверзниот Раџапаска, по што избувнаа и протести во кои загина едно лице.

Претседателот се обиде да го спречи гласањето со тоа што го распушти парламентот до 7 декември, но во вторникот Врховниот суд ја поништи контроверзната одлука на претседателот, отворајќи пат за нови избори.

Треба да знаете
Последни објави