Во однос на бегството на поранешниот партиски лидер, Никола Груевски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска кажа дека партијата не се согласува со самото заминување и дека тоа не е опција дури и кога сите знаат дека се работи за политички прогон. Како што рече тој, така се загрозуваат и другите лица кои исто така се цел на тој прогон.
„Денес јасно се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е под политички инструирана полициска опсада само заради евтин политички театар кој се случи поради покривање на сопствената немоќ и неспособност на власта“, рече портпаролот на опозициската партија.