Овој напиток се подготвува многу едноставно со состојки кои можете да ги набавите во секоја продавница за здрава храна .
Ќе ви биде потребно:
– 1 лажица рендан корен од ѓумбир
– 1/2 лажица куркума
– 2 стапчиња цимет
– 1/2 лимон
– 3-4 дл вода
Подготовка:
Изрендајте го коренот од ѓумбирот кој сте го исчистиле, како и коренот од куркумата или користете куркума во прав.
Ставете ја водата на оган да зоврие и додадете ги состојките и две стапчиња цимет и исцедете лимон. Оставете ја да се олади, а потоа консумирајте ја. Доколку сакате можете да засладите со малку домашен мед.
Овој напиток можете да го консумирате и во зима и во лето, а со негова помош ќе го зајакнете организмот и ќе ја намалите надуеноста на стoмакот. Исто така, куркумата е позната и како древен свет зачин кој се смета за многу силен природен антибиотик.
Циметот го намалува нивото на шеќер во крвта и надуеноста во стомакот, а успешно ги отстранува и масните наслаги.