Притвор мора да има и за Мијалков, а одговорните да поднесат одговорност за бегството на Груевски, беше пораката што членот на Левица, Здравко Савески, ја испрати од денешниот протест пред Владата.
„Некој мора да ја сноси одговорноста, Спасовски дури и да нема политичка одговорност, а има, има морална одговорност и мора да поднесе оставка поради тоа што дозволиле Груевски да избега. Спасовски поради морална одговорност мора да поднесе оставка. Ако не поднесе оставка, тоа значи дека Владата стои зад него, а ако Владата стои зад него тогаш тоа значи дека ова е договорено. А ако не е договорено, тогаш јасно и гласно треба да се каже“, изјави Савески.
Тој побара и притвор за Мијалков, а на властите им порача дека во Македонија мора да има владеење на правото.
„Мора да бараме и Мијалков да заврши во притвор, како тоа само Јанакиевски завршил во притвор бидејќи имало опасност да избега, а Мијалков немало опасност да избега. Мора сите да бидат во затвор, мора на јавноста да ѝ биде дадено екслицитно до знаење дека Мијалков не е оставен на слобода поради уставните измени што ги тераат“, рече Савески.
Вака не се оди во Европската Унија, во Македонија мора да има владеење на правото.