СДСМ: Мицкоски да одговори за средбата со Груевски

СДСМ: Мицкоски да одговори за средбата со Груевски

Христијан Мицкоски да не се крие зад социјалните мрежи и зад конфузни реакции што не кажуваат ништо, туку да излезе пред граѓаните и да одговори за средбата со Груевски, реагираа од СДСМ по објавата на статусот на лидерот на опозицијата,Христијан Мицкоски.

„Антизападниот Мицкоски пред јавноста треба да одгoвори дали на средбата што ја имал со неговиот ментор Никола Груевски, на која според негово јавно признание разговарале за ‘иднината’ и ‘личните моменти’ на криминалецот Груевски, всушност бил подготвуван планот за бегство? Постојат јавни сомнежи дали Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се соучесници во бегството на криминалецот Груевски“, стои во реакцијата на партијата.

Провидно е лицемерието на Мицкоски, велат од СДСМ и додаваат дека лицемерно и несериозно е човекот кој со сите сили го брани криминалот на неговиот ментор денеска да глуми загриженост.

Сите надлежни институции, а особено Основното јавно обвинителство, мора да отвори истрага, целосно да се расветли случајот и да се лоцираат сите виновници, велат од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави