Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села побара премиерот Заев да поднесе оставка и веднаш да се формира експерстка влада, по бегството на експремиерот Никола Груевски. Села побара одговорност и од сите засегнати институции, а од Основното јавно обвинителство побара да отвори постапка за сите за кои имаат сознаниј дека го организирале и му помогнале на Груевски да избега од државата.
„Денеска сите граѓани кои веруваа во правен систем се разочарани од оваа власт. Ние повеќе пати сме најавиле дека вмроизираното судство да помине во сдсмеизирано и тоа денес е реалност. Бараме Заев и Владата да поднесат оставка. Одма да се формира експеррска влада која ќе се фокусира на реформи во судството, да одговраат сите судии за скандалите на кои сме сведоци. Бегството не Груевски не епрв случај, сите кои треба да одговораат за криминалот се во бегство. На пример Грујоски, Бошкоски, Кочан…, рече Села на денешната пресконференција“.
Села побара и предвремени парламентарни избори кои би се органзизрале заедно со претседателските.
Слични барања испорачаа и од Беса на Касами , од каде рекоа дека органите на прогонот потфрлиле и дозволиле Груевски да побегне и дека треба да сносат одговорност што денеска аместо во затворот во Шутка, Груевски е во Будимпешта.
„Ова е многу значајно прашање за институциите на државата кои за жал потфрлија во еден значаен момент, бидејќи не се работи за обичен граѓанин кој има проблем со законот, туку за поранешен премиер за кој овде во Собранието имаше дури и постапка за одземање на мандат и човек кој ја водеше државата 11 години, рече пратеникот Фадил Зендели.“