Апел од Детската клиника: Новогодишните пакетчиња со храна заменете ги со други подароци
Клиниката за детски болести упати молба и апел до сите што сакаат да им подарат новогодишни пакетчиња на децата, тие да не бидат во ваква форма затоа што голем дел од децата не смеат да јадат чоколади, бонбони и грицки.
„Во пресрет на новогодишните и божикните празници, сите вие што традиционално во овој период нè посетувате со убава мисла и подароци за нашите најмили, ве замолуваме, годинава, новогодишните чоколадни пакетчиња да ги замените со подароци што не содржат храна. Голем дел од децата што се лекуваат на Клиниката за детски болести не се во здравствена состојба што дозволува јадење чоколади, бомбони и грицки. Затоа, препорачуваме во овој предновогодишен период да ги израдуваме нашите пациенти и да го направиме нивниот престој поубав со малку поинакви подароци“, велат од Клиниката.