Мajмун грабна бебе и го остави на покрив од куќа
Во Индија новороденче почина во понеделникот кога го грабна мајмун од рацете на мајка му.
Жената по име Неха го доела својот син Аруш, на возраст од 12 дена, кога мајмунот влегол во нејзината куќа во предградието на Агра, јавува „Тајмс оф Индија“.
Таткото на детето, Јогеш, возач на рикша, изјави за весникот дека трчал по мајмунот, кој на крајот го оставил бебето на соседниот покрив. За жал, бебето веќе било мртво.
Кога мајмунот конечно го спуштил детето на покривот на куќата на соседите, тоа крвавело и неговото срце престанало да чука. А во болницата му била констатирана смрт.
Двојката се венча пред две години, а Аруш беше нивното единствено дете. Нивните соседи велат дека овој мајмун нападнал 14-годишно девојче 15 минути порано.
Полицијата соопшти дека во истата област пред околу два месеца мајмунот нападнал уште едно бебе, кое преживеало, но сè уште е во болница.