Вредноста на Епл, најголемата американска компанија според пазарната вредност, се намалила за 216 милијарди долари во задните месец и половина бидејќи инвеститорите се плашат дека продажбата на iPhone, најважниот производ на овој технолошки гигант, може да ослабне.
Во почетокот на октомври акциите на Епл на „Вол Стрит” достигнаа рекордни 233 долари, при што пазарна вредност на компанијата беше значително над 1.000 милијарди долари.
Но оттогаш цената на акциите потона за 19,5 отсто на 186,8 долари.
Во меѓувреме, пазарната вредност на компанијата се намали за 216,6 милијарди долари или на 886 милијарди. Тоа е резултат од разочарувањето на инвеститорите со последните квартални деловни резултати, кои Епл ги објави во почетокот на ноември.
Сепак, приходите и профитот на компанијата значителное зголемен на годишно ниво, но инвеститорите ги обесхрабрија проценките на компанијата дека во четвртиот квартал, кога продажбата расте силно поради божиќните празници, приходите ќе зголемат помалку отколку што алитичарите во анкетата на Ројтерс очекувале.
Негативно на цената на акциите влијаела и најавата на компанијата дека ќе престане да известува за бројот на продадени iPhone телефони, iPad уреди и Mac компјутери.
Аналитичарите велат дека ова не е добро бидејќи продажбата на најважниот производ на ЕПЛ, iPhone е клучен индикатор за успешност на бизнисот и тоа би можело да значи дека растот на продажбата на овој паметен телефон забавува. Епл продаде 46,9 милиони iPhone телефони во третиот квартал, нешто повеќе од однос на 46,7 милиони во истиот период лани, но помалку од очекувањата на аналитичарите од 47,5 милиони.
Падот на цената на акциите на Епл од 19,5 отсто не е најголем. На преминот меѓу 2012 и 2013 година цената на Епл опадна за 45 отсто, додека на преминот од 2015 во 2016 година падна за 33 проценти. Иако пазарната вредност на Епл сега е под 1.000 милијарди долари, компанијата останува на чело на листата на највредните компании во САД, пред Мајкрософт и Aмазон.