Груевски со унгарски дипломатски автомобил од Албанија заминал за Црна Гора

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски не одлетал со авион од Тирана, туку со автомобил заминал за Црна Гора, тврдат албанските медиуми, повикувајќи се на соопштение на албанската полиција. Белградска „Политика“ утрово објави дека Груевски со авион од Тирана отпатувал за Будимпешта.

Според „Политика“, Груевски со лажен пасош ноќе ја минал македонско-албанската граница и стасал во амбасадата на Унгарија во Тирана, од каде одлетал за Будимпешта. Тој бил на лет на „Матав“ и цело време носел шешир и наочари за сонце.

Сепак, според телевизијата Топ Ченел“, полицијата во Тирана тврди дека Никола Груевски не полетал од тиранскиот меѓународен аеродром „Ринаси“.

Според полицијата, лицето Никола Груевски на 11.11.2018 година во 19:11 часот ја напуштило Албанија и влегло во Црна Гора со автомобил на унгарската амбасада од Тирана- возило со таблички CD1013A, на граничниот премин „Хан Хоти – Божај“крај Скадарско езеро. Од полицијата велат дека немало причина да го сопираат бидејќи потерницата од Интерпол стигнала на 13.11 во 19.35 часот. Во полицискиот извештај нема одговор како тој влегол во Албанија.

Треба да знаете
Последни објави