Најмалку 30 полицајци се убиени во напад на талибанците во Авганистан

Најмалку 30 полицајци се убиени во напад на талибанците во западната авганистанска провинција Фарах, соопштија владини претставници.

Нападот на полицискиот пункт почнал синоќа и траел неколу часа. Во престрелката, полицијата убила најмалку 17 талибанци.

Меѓу загинатите, како што соопштија властите, е и шефот на локалната полиција.

Талибанците имаат контрола на над половина територија на Авганистан.

Треба да знаете
Последни објави