Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги информациите во врска со бегството на осудениот Н.Г., како и написите на медиумите и интересот на јавноста, оформи предмет по допрен глас.
Во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија.
Предметот е доделен на надлежен обвинител и во рамки на предистражната постапка издадени се Наредби за прибирање податоци поврзани со настанот.