Пациент го нападна персоналот на Токсикологија
На клиниката за Токсикологија во склоп на клиничкиот центар во Скопје, пристигнал пациент во алхохолизирана состојба. Медицинскиот персонал веднаш излегол во пресрет и почнал со вообичаените процедури за да му помогне на лице кое се наоѓа во ваква состојба. Но, се би било во ред доколку одеднаш пациентот не започнал да ги бутка сестрите, да се кара и да упатува погрдни зборови кон докторите на смена, едноставно се однесувал недолично, пишува Здравство.мк.
Подобро упатените и очевидците на овој настан сведочат дека ниту имало кој да ги заштити медицинскиот персонал и вработените, ниту некој се појавил во нивна одбрана, туку тие самите на свој начин, како и секојпат претходно до сега пробале да се истргнал од рацете на пациентот и да го стават во состојба на контрола. После 10 минутна драма пациентот конечно се смирил, престанал со буткање на сестрите и докторите, престанал со пцовки и недоличен говор и успеале да му пружат медицинска помош како што доликува во ваква ситуација.