Хрватскиот суд наложи гаранција во износ од околу милион евра за основачот на задолжената хрватска компанија „Агрокор” Ивица Тодориќ, кој овој месец беше екстрадиран од Велика Британија.
Окружниот суд во Загреб денеска објави дека Ивица Тодориќ треба да го врати пасошот, како и дека нема да може да патува надвор од главниот град, ако биде ослободен со кауција.
Тодориќ е обвинет за лошо управување со производителот на храна „Агрокор” и за проневера на милиони евра. Тој беше уапсен во Лондон пред една година врз основа на европски налог за апсење. Тодориќ тврди дека е невин.
„Агрокор” имаше удел од 15 отсто од БДП на Хрватска.