Шокантна исповед на Иван: Мојата девојка е родена како машко!
Љубовта дефинитивно не е единствена работа. Но, дека љубовта може да ви го искомплицира животот “до коска” говори и примерот на Иван К. Тој има 32 години и е роден и живее во Белград. По долго двоуеме тој решил да ја сподели својата приказна за српски Телеграф.
За тоа како се однесуваат транссексуалците и за тоа колку тие може да ве “прелажат да се заљубите во нив”, 32 годишниот Иван може да напише книга. За срспки Телеграф тој раскажува како открил дека жената на неговиот живот е впрочем маж.
-Како и сите работи кои ги гледаме само на филм, така и јас мислев дека е скоро невозможно да налетам на жена која еден ден ќе ми каже “Мислам дека треба да разговараме”. Но, никогаш не вели никогаш е изреката која јас ја сфатив на многу тежок начин, додава тој.
Како што вели за Телеграф, една вечер помината во некој ноќен клуб може да ви го промени животот а при тоа да не сте свесни за тоа.
-Со пријателите отидовме во еден познат белградски ноќен клуб. Вечерта почна како сите наши претходни забави. Забележав една девојка и и пријдов. Ја прашав како се вика. Беше толку убава што бев убеден дека ќе ме одбие, па не се трудев многу. Но, на мое изненадување таа ми одговори и ме праша што пијам. Со оглед на тоа дека Балканките немаат пракса да им приоѓаат први на момчињата сето ова ми беше чудно, но бев пресреќен па не обрнав многу внимание, додава Иван.
Па така, за кратко време Иван бил во среќна врска со девојката која ја запознал во ноќниот клуб при тоа убедувајќи ги сите дека не е невозможно да фатите девојка во диско.
-Супер си поминувавме. Се дружевме со моите и нејзините пријатели, а по неколкуте неуспешни врски бев убеден дека конечно ја најдов жената на мојот живот. Една вечер таа ме пречека расплака, при тоа откривајќи ми дека има смртен случај во семејството. Но она кое не го знаев е дека смртниот случај не е единствената причина за нејзините солзи. Таа беше свесна дека на погребот ќе биде цело нејзино семејство и дека ќе не може повеќе да го крие својот идентитет.
Поради тоа, таа била принудена да му ја открие својата тајна на Иван. Му признала дека отсекогаш се чувствувала како жена но до пред неколку години била заробена во тело на маж. Кога тој ги слушнал овие зборови решил да го напушти домот на својата девојка и да преноќи кај најдобриот пријател.
-Единственото прашање кое ми се вртеше во глава е дали сум хомосексуалец? Сепак, таа беше женствена, убава, мила со нежен глас. Знаеше да заплаче за секоја ситница, обожуваше плишани мечиња…Можеше со часови да шета по продавници се со цел да ја најде совршената тоалета за некоја манифестација. Ако ова не е жена од глава до пети, тогаш незнам што е, додал Иван.
И покрај тоа што сфатил дека неговата избраничка без разлика што е родена како машко е жена во вистинска смисла на зборот сепак тие се разделиле.
-Не можев да и простам дека ме лажеше со месеци. Иако по извесен период се сложив со неа дека таа е жена во вистинска смисла на зборот, сепак имав право да одлучам дали ќе продолжам со неа. Искрено сакав да продолжам, но чувството на недоверба ме прогонуваше, вели тој при тоа истакнувајќи дека никој од неговата околина нема да ја прифати неговата избраничка доколку знаат дека таа некогаш била маж.