Ѓорчев го информирал Алонсо за актуелните политички случувања во Македонија

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, како шеф на Делегацијата во Парламентарното Собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) учествува на Конференција за жртвите на тероризмот, што се одржува на 15 и 16 ноември 2018 година во Мадрид, во организација на Сенатот на Шпанија и ПС на ОБСЕ.

Како што информираат од неговата партија, Ѓорчев остварил билатерална средба со потпретседателот на Сенатот на Шпанија – Педро Санз Алонсо.

На средбата Ѓорчев го информирал Алонсо за актуелните политички случувања во Македонија и за соработката помеѓу двете држави.

Покрај Педро Санз Алонсо, на Конференцијата пред пратениците се обратиле и Макис Воридис, претседател на Ад-хок Комитетот на ПС на ОБСЕ за борба против тероризмот, Хозе Луис Санз Руиз, претседател на Комисијата за внатрешни работи на Сенатот на Шпанија и други говорници.

Ѓорчев исто така разменил мислења и со претставници на организациите на жртвите од тероризмот од Шпанија, САД, Франција и Белгија.

Учесниците во дискусијата ја нагласиле потребата за заеднички и координиран пристап во борбата против тероризмот, вклучително и преку спроведување на релевантните меѓународни обврски, а се фокусирале и на потребата за зајакнување на контролата на границите и подобрување на размената на информации на сите нивоа.

Треба да знаете
Последни објави