Арсен Венгер добил понуда која ја одбил без размислување

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер деновиве добил понуда за продолжување на неговата кариера во англиската Премиер лига.

Арсен Венгер бил контактиран од лондонски Фулам, меѓутоа Французинот ја одбил понудата поради тоа што има ветено дека во Премиер лигата нема да води ниту еден друг клуб освен Арсенал, како и поради одлуката дека нема да се врати на тренерската работа пред идното лето.

Откако ги одбил Венгер, челниците на Фулам го контактирале и го ангажираа Клаудио Раниери кој што во Англија е најпознат по тоа што ја водеше екипата на Лестер која што ја освои шампионската титула во Премиер лигата.

Покрај тоа, вреди да се спомене дека Арсен Венгер досега најмногу се поврзуваше со превземање на тренерската функција во Милан, но и како наследник на Нико Ковач во Баерн Минхен.

Треба да знаете
Последни објави