Во Турција живеат речиси пет милиони странци

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу информира дека во моментов во Турција има 4,7 милиони странци, од кои околу 3,5 милиони се Сиријци.

-Како резултат на успешните операции на турската армија за чистење на подрачјата на Џера Блус, Азез, Ал Баб и Африн од терористи, 278.139 Сиријци се вратија во нивните домови, изјави Сојлу.

Министерот Сојлу истакна дека благодарение на соработката меѓу полицијата и жандармеријата решени се 745 кривични дела.

Тој информира дека при извршување службена должност загинале 141 лице, од кои 49 војници, 25 полицајци, 39 жандари и други службеници. Од должност се отстранети 101 градоначалник, од кои 94 за поврзаност со ПКК и седум за поврзаност со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен. Уапсени се и 635 шумски чувари.

Треба да знаете
Последни објави