Кадиров му подари „мерцедес“ на петгодишниот „чеченски Шварценегер” кој постигна рекорд со 4.105 склека
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров му подари „мерцедес-бенц“ на петгодишното чеченско момче кое постави рекорд со 4.105 склека, а потоа побара од момчето да вежба на хаубата од автомобилот, пренесува РТ.
Малиот мускулест Рахим Куриев, наречен „чеченски Шварценегер”, наводно го постигнал рекордот за 2 часа и 25 минути, вели републичкиот министер за спорт, Муса Ханариков, а потоа му го посветил потфатот на Кадиров.
Трогнат од гестот, Кадиров го посетил Рахим за да му годаде подарокот.
„Овој автомобил ти е подарок од Ајман Кадирова (мајката на чеченскиот лидер), претседателка на добротворната фондација „Ахмат Кадиров“ (неговиот починат татко). Дозволи му на татко ти да те вози во него зашто ти заслужуваш да патуваш во бел „мерцедес”, Кадиров му рече на Рахим откако му го предаде подрокот.
Како одговор, момчето му се пофали дека може да направи и 5.000 склека ако е потребно. Оттогаш Рахим стана славна личност во Чеченија, во рускиот регион Северен Кавказ. Неговиот Инстаграм е исполнет со фотографии и видеа на момчето како крева тегови, се бори со рака и учествува во спаринг за боречки вештини.
Рахим ќе мора да го повтори својот подвиг следната недела за да биде признат од Руската книга на рекорди, од каде рекле дека наводно има некои мали проблеми во снимањето на постигнувањето на рекордот..