Петмина биле повредени во судир на две возила, вчера во Скопје, информираше МВР.
Според полицијата, сообрќајната несреќа се случила околу 19.30 часот на крстосницата од булеварот Никола Карев и улиците Самоилова и Максут Садик. Тогаш се судриле патничко возило „рено трафик” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(51) од Кочани и автомобил „шкода рапид“, што ја управал С.Г.(26) од скопското село Буковиќ.
Во сообраќајката биле повредени возачот на „реното”, како и сопатниците М.Ј.(56), Л.Т.(33), Е.Г.(35) и Г.Г.(69), сите од Кочани.
Повредените Л.Т. и Е.Г. биле пренесени во приватната здравствена установа „Жан Митрев” каде им била укажана лекарска помош. Кај Л.Т. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Е.Г. биле констатирани телесни повреди. Возачот Б.А. и Г.Г. со возило на Итна медицинск апомош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. М.Ј. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Возачот на „шкодата“ со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември” каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.