Командантот на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ кој е осуден за воени злосторства утрово телефонски бил вклучен во утринската програма на српската телевизија „Хепи“ и зборуваше со гости во студиото.
Во емисијата гости беа синот на Младиќ, Дарко, лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, кој исто така е осуден за воени злосторства, како и членот на руската Дума, Павел Дорохин, а во која телефонски се вклучи и Ратко Младиќ.
– Ве сака дедо Ратко. Дарко, кажи му на Војо да дојде да играме шах, бидејќи последниот пат го победив 7: 1…, рече Младиќ во утринската програма.
Ratko Mladić direktno iz Haga pic.twitter.com/fHkuZX69c7
— Drustvene mreze (@drustvenidrug) November 16, 2018
Тој го поздрави синот на Воислав Шешељ, велејќи дека тој ќе биде подобар од својот татко, исто како што и неговиот син е подобар од него, а потоа се обрати на руски јазик.
-Специјален поздрав за Русија. Поздравете ја Комунистичката партија на советската…се извинувам, на руската федерација. Поздрав до Павел и нека ги отвориме очите што сака овој НАТО, премногу се шират кон Русија. И Војо нека подослабне малку. Бидете живи, рече Младиќ.
Генералот издржува казна доживотен затвор за воени злосторства во БиХ. Тој беше осуден за 10 од 11 точки од обвиненијата пред судот во Хаг.