„Во рамки на пакетот за автономна мобилност, на возачите ќе им биде дозволено да ги спуштат рацете од воланот, доколку во возилото е инсталиран асистент за следење на сообраќајната лента“, рече министерот за транспорт, иновации и технологија, Норберт Хофер.
Возењето со помош на автопилот ќе биде можно само на автопати и само кога се вози во колона, бидејќи при промена на сообраќајната лента, возачот повторно ќе треба да го преземе управувањето.
Возилото, исто така, ќе мора да има вграден систем за деактивирање во случај на потреба. Исто така, новото правило ќе овозможи автономно паркирање на возилата, без присуство на возач во автомобилот.
Меѓутоа и тука постојат некои обрски, односно за време на пракирањето, возилото мора да се наоѓа во видокругот на возачот, а автомобилот не смее да се движи побрзо од 10 километри на час.
Министерот Хофер во наредните години планира да инвестира 65 милиони евра за воспоставување на т.н. автономен сообраќај, со цел Австрија да биде меѓу водечките европски земји во оваа област.
Покрај тоа, Австрија планира да воведе целосно автономен железнички сообраќај.