Арсовски: Кирацоски си ја вработил и сестра му како советник во Централниот регистер

Порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес конференција обвини за непотизам на власта, коментирајќи дека Александар Кирацовски, во време кога бил Генерален секретар на СДСМ си ја вработува својата сестра на работно место Советник во Централен регистар, со плата над 36.000 денари, како што објавија дел од медиумите.

Вработувањето на сестрата на Кирацовски не е единствен пример за непотизам и влијание од страна на овој висок претставник на власта, како што пишуваат активисти на СДСМ на социјалните мрежи, а објавуваат медиумите дека Кирацовски неодамна си ја вработил и својата пријателка фризерка. Ова не го тврди ВМРО-ДПМНЕ ова го кажуваат видни партиски активисти на СДСМ, како што е Мери Николова. Од опозиција ветуваа законска селекција и достапност на секое работно место за секој граѓанин, а сега си ги вработуваат роднините и блиските на високо платени работни позиции во администрацијата, додека пак обичниот граѓанин без партиска книшка од СДСМ не може ни да помисли да аплицира и да дојде до работна позиција во администрацијата“, вели Арсовски.

Тој рече дека ова е продолжување на веќе познатата пракса за непотизам, која веќе ја видовме, како што рече, со вработувањето на ќерката на Талат Џафери и синот на Мирослав Грчев во АД ЕЛЕМ, мајката на Костадинов, но и поделбата на високи суми на име на технолошки иновации на фирма на вицепремиерот Кочо Анѓушев, снаата на Цветанка Ласкова, Хари Локвенец и низа други.

Треба да знаете
Последни објави