По овонеделните реакции на Унијата на ЗМСТАС предводени од здружението „ЗА НАС”, a во врска со прераспределбата на буџетот за 2019-та година во која медицинските сестри не беа вклучени се случи и средба со министерството за здравство.
-Во текот на вчерашниот ден бевме повикани на состанок во кабинетот на министерот за здравство, Венко Филипче каде по краткиот разговор добивме ветување дека решението на нашата реакција ќе го добиеме уште во текот на наредната седница на Владата. Унијата ќе биде трпелива по ова прашање до наредната среда, изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата.
Во однос на останатите проблематики за „сестрите-концесионери”, измените во Законот за здравствена заштита, потребата од постоње на правен субјект – комора, непризнавањето на високите школи и изземањето од ноќните смени поради преоптовареноста на буџетите за кои Унијата тековно известува и реагира, министерството за здравство вети наредна средба на која сите барања ќе бидат поединечно дискутирани.