Дека лекот е опасен лек потврдува и Комитетот за проценка на ризик на Еврпска агенција за лекови кој извршил две истражувања за лекот. Истите се правени на над 80.000 случаи заболени од рак. Испитувањата покажале дека во зависност од количината на лекот во крвта постои поврзаност со појавата на немаланомски карцином на кожа.
– Лекот е во широка примена во Србија и се дава на скоро сите пациенти кои имаат висок притисок. Содржи активна суостанца хидрохлортиазид- стои во последнто предупредување на српската Агенција за лекови и медицински средства до сите здравствени работници во земјата.
Во Агенцијата ги советуваат пациентите да ги следат сите промени на кожата и веднаш ако го пијат тој лек да го известат докторот за тоа. Српските кардиолози велат дека тој лек го препишуваат скоро на сите пациенти кои се болни и имаат висок притисок.
-Лекот се пие со цел да се исфрлат сите течности од организмот. Тоа е диуретики на тој начин го намалува крвниот притисок. Почетната доза е 12,5 милиграми, но постепено може да се зголемува се додека не се постигне потребниот резултат.
Валентина Ангеловска