Момче кое продавало храна на стадионот на бејзбол тимот Детроит Тајгерс, доби 18 месеци условна казна бидејќи плукнал во парче пица пред да му ја даде на човекот што ја купил.
Од видеото што се распространи на Инстаграм, надлежните заклучиле дека тоа се случило на натпреварот меѓу Тајгерс и Канзас Сити на Комерик Парк стадионот, на 21 септември годинава.
Откако бил фатен на камера, Џејлон Керли (21) ќе мора 18 месеци да оди на курс за справување со бесот и не смее да работи со храна. Тестовите покажале дека тој нема никакви болести. Ја признал вината пред судот и вели дека „многу се кае”.
Сепак, тој бил отпуштен од работа