Зголемен бројот на горили, но и натаму се „загрозен вид”

Меѓународната унија за заштита на природата со седиште во Швајцарија го смени статусот на планинските горили од „екстремно загрозен вид” во „загрозен вид”.

– Со оглед на тоа дека цел свет се соочува со исчезнување на животински видови, ова е голем успех во заштитата на природата, изјави претседателката на Фондацијата „Дајан Фоси” Тара Стоински.

Таа Фондација го доби името по специјалистката по зоологија, чиј труд го привлече вниманието на меѓународната јавност на планинските горили и чии мемоари беа основа за филмот од 1988 година „Горили во магла” со Сигурни Вивер.

Откако планинските горили беа пред истребување, нивниот број полека се зголемува.

– Ја подобривме нивната заштита така што им обезбедивме животна средина каде ќе се развиваат и растат, изјави директорката на Меѓународната програма за заштита на горили Ана Бехм Масозера.

Таа дополни дека мора да се има предвид дека бројот на планински горила и натаму може да се намали, бидејќи постојат само две мали популации во два национални парка.

.

Треба да знаете
Последни објави