Државјанин на Албанија ограбил обложувачница во Тетово, информираше МВР.
Станува збор за Д.У.(47) од село Суме, Република Албанија, Против него е поднесена кривична пријава за тешка кражба.
Според полицијата, кражбата се случила ноќта меѓу 12 и 13 август годинава во спортска обложувачница на улица Илинденска. Осомничениот со употреба на погоден предмет и физичка сила влегол и одзел околу 366.000 денари.