Гвен Стефани и Блејк Шелтон бараат сурогат мајка

Поп пејачката Гвен Стефани и кантри ѕвездата Блејк Шелтон одлучија да имаат заедничко дете, пишува списание.

Според анонимен извор близок до двојката, Гвен бара сурогат мајка за четвртото дете.

„Сега се во тек последните подготовки за избор на жената која ќе го носи нивното дете. На Гвен ѝ е многу важно да има биолошко дете со Блејк, а тој е многу возбуден од идејата“, вели изворот.

Гвен (49) од првиот брак со Гевин Росделј има три деца – Кингстон (12), Зума (10) и Аполо (4).

Двојката е во врска од 2015 година, а на Блејк ова ќе му биде прво дете, иако зад себе има еден четиригодишен брак со кантри пејачката Миранда Ламберт.

 

Треба да знаете
Последни објави